top of page

Кадетите денеска го отвораат Европското првенство, натпреварот против Словенија ќе има директен пренос

29.07.2026 Juli Srteda

Машката кадетска репрезентација вчера отпатува за Белград и го одработи последниот тренинг пред официјалниот старт на Европското првенство, турнир кој за нашите надежи започнува денеска во 12:00 часот.

Избраниците предводени од Горан Кузмановски се најдоа во тешка група од која дел се велесили како Франција и Шведска, па според квалитетот на ривалите, многу веројатно најодлучувачки ќе биде првиот меч.

Македонија ја отвора својата авантура на Европското првенство со натпревар против Словенија, натпревар кој почнува денеска точно напладне во Белград.

Кадетите имаат за цел да се прикажат во што е можно подобро светло на ова Европско првенство, а ракометните фанови од нашата земја ќе имаат можност да го гледаат мечот во директен пренос.

Покрај преносот на ЕХФТВ, натпреварот на Македонија ќе оди и на „Арена М2 Премиум“.


 
 
 

Comments


bottom of page