top of page

Кадетите ги привршуваат подготовките за Европското првенство

27.07.2026 Juli Ponedelnik

Машката кадетска репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство.

По реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, како и двата контролни натпревари против селекцијата на Грција во Скопје, нашите кадети денес, 27 јули, во хотел „Русија“ ги реализираат последните подготовки пред заминувањето за Белград.

Репрезентацијата утре патува за Србија, каде во рамките на групната фаза ќе се соочи со селекциите на Словенија, Франција и Шведска.

29 јули | 12:00 часот

Словенија – Македонија

30 јули | 12:00 часот

Франција – Македонија

1 август | 12:00 часот

Македонија – Шведска


 
 
 

Comments


bottom of page