top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кадена СЕР: Арогантниот Рамос веќе си создал непријатели во ПСЖ

Серхио Рамос и натаму нема дебитирано за ПСЖ, иако беше доведен како големо засилување за одбраната на оваа екипа, но затоа успеал да создаде први проблеми во францускиот тим.

Новинарите на популарната шпанска емисија „Ел Ларгуеро“ на радиото Кадена СЕР, тврдат дека поранешниот капитен на Реал Мадрид се однесувал арогантно, ставајќи се во улога на прва ѕвезда во клубот, што донело негативни реакции во соблекувалната, меѓутоа и кај останатите вработени во ПСЖ.

Рамос очигледно сака да го задржи авторитетот кој го имаше во Реал Мадрид, но во ПСЖ не само што не е капитен (функцијата ја извршува Маркињос), туку имал и целосно погрешен пристап во комуникацијата со соработниците во францускиот клуб.

Шпанскиот дефанзивец не сака да биде засенет од другите ѕвезди, но веројатно нема да му оди лесно да има таков статус во друштво на играчи како Меси, Нејмар и Мбапе.

Рамос го напушти Реал Мадрид по 16 години и дојде како слободен агент во ПСЖ, додека во моментов се рехабилитира од повреда.


2 views

Comments


bottom of page