top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Каде е автомобилот „астон мартин“ што го возеше Џејмс Бонд во „Голдфингер“?

Updated: Aug 31, 2021

30.08.2021 Avgust Ponedelnik

„Астон мартин ДБ5“ од филмот „Голдфингер“ од серијалот за авантурите на тајниот агент 007, Џејмс Бонд, несомнено е еден од најпрепознатливите автомобили во историјата на кинематографијата. Култен е поради разните направи, вклучувајќи и ротациски регистарски таблички и цевки на автоматска пушка, што излегуваат од предните светла. Вброен е и во серијата „најпознати автомобили на светот“.

Пред 24 години, автомобилот е украден од приватните хангари на Флорида и досега не е пронајден. Меѓутоа, британски „Телеграф“ неодамна објави напис, кој покажува докази за постоењето на „ДБ5“, а наводно е откриен на Блискиот Исток. Се вели дека тој е еден од експонатите што му припаѓаат на колекционер од Дубаи, Кувајт или од Бахреин.

Проценетата вредност на таинственото „ДБ5“ во моментот изнесува 24 милиони долари, а наградата од 100.000 долари ќе му припадне на оној што ќе помогне во пронаоѓањето на возилото.


2 views

Comments


bottom of page