„Кавадаречко културно лето“ отворено со концерт на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“
Со целовечерен концерт на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, кој годинава одбележува јубилеј од 70 години постоење, синоќа на градскиот плоштад во Кавадарци почна манифестацијата „Кавадаречко културно лето – 2023“. По иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев и со поддршка од советот на Општина Кавадарци, по четврти пат се организира манифестацијата чиј главен носител е домот на културата „Иван Мазов Климе“ заедно со Музеј-галеријата, Библиотеката „Феткин“ и Винскиот музеј.
Годинава ќе бидат презентирани настани од повеќе дејности како што се театар, фолклор, музичко сценски проекти, спорт и бројни настани за најмладите и сите ќе се случуваат на градскиот плоштад.
На свеченото отворање свое обраќање имаше претседателот на советот на општина Кавдарци Стојанче Рамов и директорката на домот на културата Јулијана Туриманџова која потенцира дека во рамките на ова издание на манифестацијата ќе се стимулираат младите генерации да бидат креативни, а со тоа и продуктивни под мотото со љубов за мое Кавадарци.
„Кавадаречко културно лето 2023“ предвидено е да трае до 2 август. За утре во терминот од 19.30 часот предвидена е претствата „Одм на лов“ во изведба на драмско студио демир Капија за четвртот „бабини игри“ додека сабота и недела се предвидени за спортски игри на градскиот плоштад. Ми.М.
Comentários