top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кавадаречка магија на „Тодор Проески“: Тиквеш губеше 0:2, но со две ремек-дела стигна до победа над Бреидаблик (Видео)

12.07.2024 Juli Petok


Тиквеш испиша историја на „Тодор Проески“ пред два месеци кога славеше победа во финалето во Купот, но очигледно кавадарчани се научија да редат успеси на најголемото фудбалско здание во нашата земја.

Кавадарчани денеска го играа својот прв европски меч во историјата во квалификациите за Конференциската лига, а иако се чинеше дека неискуството ќе дојде до израз, на крајот пресуди големата желба да се стигне до сензационална победа.

Избраниците на Мојсов беа преимпресионирани во првото полувреме и не ги користеа шансите кои ги создадоа, па и покрај тоа што беа подобар тим на теренот, на пауза заминаа со негатива од 0:2.

Бреидаблик ги казнуваше грешките и преку Еинарсон и Кристинсон постигна два гола, а истите беа актуелни до последните 15 минути од мечот, кога следеше вистинска експлозија од кавадарчани.

Тиквеш нападна со сите сили и фрли се на една карта во вториот дел, а храбриот пристап и јуначката игра на крајот беа наградени со три гола, од кои два беа вистински ремек дела.

Спахиу мајсторски го проигра Стојкоски кој во 74-та минута шмекерски намали на 1:2, а потоа следеше прекрасен гол од слободен удар за 2:2, дело на Стојанов. Ова им даде крилја на кавадарчани, па Лео Гера брзо постигна и трет гол со 3:2, за голема радост и еуфорија на трибините.

Неверојатната завршница му носи предност на Тиквеш пред реваншот во Исланд, а ако се суди според прикажаната игра, нашиот претставник има зошто да се надева на пласман во следната квалификациска рунда во Конференциската лига.



0 views

Comments


bottom of page