top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

К-поп кралевите „БТС“ добија глобална музичка круна втора година по ред

Јужнокорејските суперѕвезди „БТС“ во четвртокот беа прогласени за најдобар глобален изведувач (IFPI Global Recording Artist) за 2021 година , што ги прави првиот изведувач/бенд што ја освоил наградата две години по ред. Седумчлениот бенд момчиња го предводи светското лудило за К-попот од 2013 година со своите оптимистички песни и танци, создавајќи огромна и лојална база на фанови ширум светот. Минатата година, нивните синглови Butter, Permission To Dance и My Universe, заедничко издание со „Колдплеј“, се најдоа на врвот на американскат „Билборд Хот 100“ листа. Тие продолжија да уживаат во успехот дома во Јужна Кореја, а нивниот албум со најголеми хитови на јапонски јазик, BTS, THE BEST, се најде на врвот на јапонската „Орикон“ листа на албуми на крајот на 2021 година, првпат за не-домашен бенд по 37 години, соопшти меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI).


1 view

Comments


bottom of page