top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Иџе издоминира во Швајцарија и постави нов рекорд на патеката!

Игор Стефановски останува главен фаворит за освојување на нова титула на Европскиот шампионат во ридски патеки, бидејќи денеска ѝ одржа лекција на конкуренција со две брилијатни возења во Швајцарија. Иџе како автомобилист кој добро ја познава Сент Урсан патеката во Швајцарија веднаш стави до знаење дека ќе биде најдобар ова попладне, а посебно совршен беше во првото возење кога постави и рекорд со време од 2:05.018 со својот „Хјундаи И30 Н ТЦР“. Двократниот шампион во ова натпреварување ита кон третата тиула и со денешната изведба е уште поблиску до такво нешто, бидејќи сега преостанува да извози уште две трки од календарот. По извонредното издание во првата трка, Стефановски беше најдобар и на втората кога забележа време од 2:07:146, па сега е во уште подобра позиција за да биде најдобар во Групата “ на Европскиот шампионат. Кога е во прашање календарот во EHC шампионатот, на програмата остануваат уште трките во Словенија (Илирска Бистрица) и Хрватска (Бузетски дани).


1 view

Comments


bottom of page