ИХФ ги подели двете „вајлд-картите“ за СП и го „вжешти“ изгледот на ждрепката
Македонија заслужено си обезбеди пласман на Светското првенество и тоа го направи со голема борба на теренот, но бидејќи составот за ракометниот мундијал беше некомплетен, сите беа во исчекување на конечната одлука на ИХФ.
Светската ракометна Федерација даде две „вајлд-карти“ за настап на најголемиот настан на стартот на наредната година во месец јануари, а најголеми среќници се селекциите на Словенија и Холандија.
Македонија се најде во вториот шешир пред ждрепата за СП која ќе се одржи на втори јули, па со оглед на тоа што Холандија и Словенија ќе се најдат во последниот квалититативен шешир, тоа дефинитивно ќе бидат селекции кои ќе сакаме да ги избегнеме.
– По длабока анализа, Советот на ИХФ реши да им ги додели вајлд-картите на репрезентациите на Холандија и на Словенија. Холандија е една од репрезентациите со најголем напредок во последните години, потврдено со освоеното десетто место на ЕП 2022.
– Оваа селекција ќе учествува на своето прво СП уште од 1961 година, кога го освои 11. место. Втората вајлд-карта заминува во Словенија, за која ова ќе биде десетто учество на светските шампионати, – порача ИХФ.
Comments