ИФФК „Браќа Манаки“ завршува вечерва со доделување на наградите „Камера 300“
21.09.2021 Septemvri Vtornik
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ завршува вечерва со доделување на фестивалските признанија и награди во Битола.
Жирито предводено од Суки Меденчевиќ од Босна и Херцеговина и членовите Филип Бергсон од Велика Британија, Вим Ванакер од Белгија, Соња Просенц од Словенија и Димо Попов од Македонија, ќе доделат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, како и награда мала „Камера 300“ за кинематограферите кои конкурираа за престижните награди.
ИФФК „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, кинематограферите се во центарот на вниманието и се слави нивната умешност приказната да се раскаже низ слики, посочија избраните членови на меѓународното жири кои деновиве со цел свој капацитет и искуство ги оценуваа кинематограферите на филмовите во конкуренција.
Последна проекција на филмското платно во Битола ќе биде францускиот филм „Титаниум“, познатиот трилер – хорор филм на режисерката Jулија Дукурнaу и кинематограферот Рубен Импенс, најшокантниот филм за 2021 година и годинешен освојувач на престижната Златна палма во Кан.
Comentarios