top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Итуралде откри каков притисок му извршил Перез: Тоа ми го немаше направено ниту еден друг претседате

Итуралде откри каков притисок му извршил Перез: Тоа ми го немаше направено ниту еден друг претседателИтуралде Гонзалес своевремено беше најдобар шпански судија во Ла Лига и беше познат по својот строг критериум без оглед на фудбалерот кој го има пред себе, но во последно време е посебно популарен со судиските анализи кои ги дава како експерт од радиот студијата во Шпанија.

Изминатата седмица, телевизијата на Реал Мадрид направи посебна емисија во која посочи друг судија (Клоз Гомез) како човек кој секогаш потпаѓал под притисок и судел против „кралскиот клуб“, а како одговор на оваа анализа, Итуралде жестоко возврати и откри дека човекот кој правел притисок всушност бил Флорентино Перез.

– Се сеќавам на еден натпревар од сезоната 2010/11, Реал Мадрид победи против Депортиво 6:1, а на крајот од средбата јас и моите помошници излеговме заедно. Имаше една личност која ни влезе во собата и мене ми порача: Само барам да ни судите исто како и на Барселона!

– Овие новинари од Реал Мадрид ТВ нека го истражат ова, штом се толку добри. Сакаше да остане сам со мене во соблекувалната, но не го дозволив тоа. Го пријавив случајот, но не се случи ништо сериозно, иако мене ми изгледаше така. За новинарите на Реал, ќе им кажам да почнат да истражуваат, станува збор за човекот кој е најгоре.

– Тоа не ми се случи никогаш претходно, ни после тоа. Ниту еден друг претседател ме немаше ставено така во соба. Тоа беше Флорентино Перез и нема да го кријам. Случајот го пријавив и во судиската комисија. Јавноста треба да знае како се вршат притисоци врз судиите и јас нема да се кријам. Јас можам да тврдам дека нема корумпиран судија од мое време, – потенцира Итуралде.



1 view

Comments


bottom of page