top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Итна помош во домот на Брижит Бардо, лекарите ја спасувале славната актерка

Странските медиуми објавија загрижувачка вест дека брза помош вчера пристигнала во домот на француската филмска икона Брижит Бардо (88), откако пријавила тешкотии со дишењето.

Сопругот на славната Французинка Бернар Д’Ормал ја потврдил оваа вест, а потоа го разјаснил целиот инцидент што се случил во нивната вила во Сен Тропе.

– Околу 9 часот наутро Брижит почна да има проблеми со дишењето. Дишеше побрзо и поинтензивно од вообичаено, но не ја изгуби свеста. Тоа беше момент на дистракција – рекол Бернард.

Тој додал дека екипата за итна помош ја ставила 88-годишната актерка на кислород и дека останале извесно време внимателно да ја испитаат нејзината состојба.

– Како и сите луѓе на постара возраст, ниту таа повеќе не може да ја поднесе горештината. Тоа се случува на 88 години. Таа не смее да се изложува на непотребни напори – заклучил тој.

Да потсетиме, Брижит Бардо сними 47 филмови пред да се повлече од филмската индустрија во 1973 година. Откако го напушти актерството, Бардо стана голема активистка. Кариерата ја започнала на само 15 години, кога ја красела насловната страница на магазинот „Eл“. Родена е и израсната во Париз, а се занимавала со балет пред да влезе во манекенските и актерските води. Бардо стекна светска слава и до-ден денес останува една од најубавите жени и најголемите секс-симболи на сите времиња.




1 view

Yorumlar


bottom of page