top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Италијанците тврдат: Леклер е шокиран и разочаран од одлуката на Ферари


08.02.2024 Februari Cetvrtok

По бомбастичната ексклузива која ја испорачаа шпанските медиуми, Ферари минатата недела мораше да потврди дека обезбедила ангажман на Луис Хамилтон за 2025-та година, трансфер кој сосема очекувано прерасна во најкоментирана тема во мото-спортот.

Седумкратниот светски шампион ќе си го исполни својот сон на залезот на кариерата и ќе ги брани црвените бои на тимот од Маранело, а тоа автоматски значи и најава за големи промени во Ферари за наредната сезона.

Карлос Саинц ќе мора да си бара нов тим и друг предизвик во „најбрзиот циркус“, но Италијанците сега јавуваат дека разочаран од одлуката на Ферари останал и Шарл Леклер.

Возачот на Монако има повеќегодишен договор со Ферари и првичниот план беше тој да биде лидер на проектот, нешто што сигурно ќе се промени по доаѓањето на големиот шампион од Британија.

– Леклер е шокиран и разочаран од одлуката на Ферари, бидејќи не знаеше ништо од тоа што се случи. Од прв и недопирлив возач, сега може да биде само втор возач во тимот, – пишува „Кориере дело Спорт“.

Леклер својот најдобар резултат во Ферари го имаше во 2022-ра година кога заврши втор во генералниот пласман, додека Ферари не знае за титула во Формула 1 од 2007-ма година кога славеше Кими Раиконен.


6 views

Comments


bottom of page