top of page

Италијанците се повлекоа: Милан и Комо нема да играат првенствен натпревар во Австралија

22.12.2025 Dekemvri Ponedelnik

Челниците на Серија А беа решени да го организираат првенствениот натпревар меѓу Милан и Комо во Австралија, но денеска потврдија дека мисијата се претворила во неуспешен проект.

Опцијата отпаѓа, па Милан и Комо ќе мора да најдат друга солуција за локацијата, а фановите во Перт ќе чекаат некоја следна шанса за Серија А возбудување на стадионот во својот град.

Стадионот „Сан Сиро“ ќе биде зафатен со церемонијата на свечено отворање на Зимската Олимпијада, па останува да се види каде ќе се одигра натпреварот меѓу локалните ривали.

Пред само една недела беше објавено дека се е договорено за натпреварот на австралиска територија на 8. февруари, но денеска Серија А истакна дека се откажува од идејата поради нереалните барања на Азиската фудбалска конфедерација, која е еден вид домаќин на овој дуел.

Натпреварот меѓу Милан и Комо ќе испишеше историја како прва средба од странска професионална лига одиграна надвор од земјата, а за реализација на идејата се сложија сите италијански клубови, федерацијата, владата, па и австралиските власти кои преземаа дел од обврските.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page