Италијанците не го убедија Гвардиола, па донесоа конечна одлука за новиот селектор
- Aleksandar Santovski
- Jul 24
- 1 min read
24.07.2026 juli Petok
Одговорните во Италијанската фудбалска федерација не успеаја да го убедат Пеп Гвардиола да стане нов италијански селектор, па веднаш по ваквиот епилог, донесоа и конечна одлука за официјалниот наследник на Џенаро Гатузо.
Федерацијата многу скоро ќе го промовира Андреа Пирло за нов предводник на „азурите“, одлука која Паоло Малдини и Леонардо ја донеле како логично решение по неуспешните преговори со трофејниот шпански стручњак.
Пирло ќе добие договор за следните два квалификациски циклуси, односно до СП 2030, а главна цел секако е учество на Италија на претстојното ЕП и пред се враќање на мундијалите, каде најдобрите фудбалери од „чизмата“ пропуштија да се пласираат во претходните три обиди.
Пирло има договор со клуб од Обединетите Арапски Емирати, но раскинувањето на соработката треба да биде рутински потег, по што уште викендов може да биде потврден како нов италијански селектор.
Малдини и Леонардо покрај од Гвардиола, добиле очекувано „не“ и од Карло Анчелоти, а му дале предност на Пирло во однос на Роберто Манчини и Антонио Конте.






Comments