top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Италијанската писателка Роза Вентрела онлајн ќе го промовира романот „Градината на олеандрите“

20.12.2021 Dekemvri Ponedelnik

Онлајн промоција на интернационалниот бестселер „Градината на олеандрите“ од италијанската писателка Роза Вентрела ќе се одржи вечерва на фејсбук страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, каде свое обраќање ќе има авторката, но и проф. д-р Радица Никодиновска, која го преведе романот од италијански јазик.

На промоцијата ќе се вклучат и претставникот од Амбасадата на Италија во земјава, како и студенти на Катедрата за италијански јазик и книжевност. Романот, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, е поддржан од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија.

„Градината на олеандрите“ е семејна сага за испреплетените судбини на четири храбри и уникатни жени и мирисот на волшебната земја, Апулија.

„Во градината на една куќа во Карбонара, во Апулија, цвета олеандер. Го насадува Агостино, кога се преселува таму со неговата сопруга Анита, позната како „Марџала“. Жена со ретка и мистична убавина, Марџала има моќ да ги смири болките кај новороденчињата, претставува скапоцена помош при раѓање и, доколку е потребно, е во состојба да отстранува клетви. Има три ќерки: Розета, Корнелија и Дијаманте, која е најмладата. Првата е убава и дива како и таа. Втората има коса со боја на мед и истите светли, продорни очи на нејзиниот татко. Од друга страна, Дијаманте е полничка, со виткана и нескротлива коса и е своеглава“, посочува издавачот.

Роза Вентрела долго време пишувала за специјализирани списанија за историја и држела предавања за положбата на жената низ историјата: нејзините романи најчесто говорат токму за чувствата и проблемите на жените. Работела и како уредник во издаваштвото, а веќе со години држи настава за креативно пишување за деца и за возрасни.


0 views

Comments


bottom of page