top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Италијанската актерка Каролина Пагани на „Битола Шекспир фестивал“

„Битола Шекспир фестивал“ вечерва продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет.

Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа“, авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата.

-Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал“ ги претставува својот театар како и кино-театарот Барети. Нејзината монодрама ќе биде изведена на сцената од битолскиот Центар за култура. Вечерта со италијански уметници се комплетира на сцената „Благој Стефановски-Баге“, со балетот „Ромео и Јулија, последните часови“ подготвен од Ина Броек и Валтер Матеини, во кој ќе настапат осум уметници, – посочија од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот.

Најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“ завршува утревечер со настап на актерите од бугарскиот драмско-куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен кои ќе ја изведат претставата „Хамлет“ на Вилијам Шекспир во режија на Ованес Торосјан.


1 view

Komentáře


bottom of page