top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Италијанката Паолини ја разочара цела Хрватска и испиша историја на Вимблдон (Фото)

12.07.2024 juli Petok

Џасмин Паолини и Дона Векиќ одиграа еден од најдобрите мечеви во женска конкуренција на Вимблдон во последните неколку години, бидејќи за пласман во големото финале се одлучуваше во супер тајбрејкот.

Паолини е во сериозен налет во последните два месеци и го игра најдобриот тенис во својата кариера, па така после финалето на Ролан Гарос, сега ќе игра финале и во Ол Ингланд клубот откако излезе како победник во најдолгото женско полуфинале во историјата на Вимблдон (2 часа и 51 минута).

Хрватската тенисерка Векиќ влезе како фаворит во оваа пресметка поради тоа што важи за специјалист за тревна подлога, па иако тоа го покажа во првиот сет, во продолжение гледавме драма во која подобро се снајде Паолини.

По почетните 6:2 за Векиќ, Паолини одговори со 6:4 во вториот, додека апсолутно неизвесно беше во одлучувачкиот трети сет во кој во мечот се вклучи и публиката.

Големата неизвесност направи да гледаме драма до самиот крај, но Паолини успеа да ја реализира третата меч топка и со 10:8 во супер тајбрејкот се пласираше во финалето на Вимблдон.

Џасмин со овој триумф ја разчара цела хрватска јавност, а воедно испиша историја бидејќи ќе биде првата Италијанка која ќе заигра во едно големо финале на Вимблдон. Нејзина ривалка в сабота ќе биде подобрата од вториот дуел меѓу Рибакина и Крејчикова.


1 view

Comments


bottom of page