top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Италија кандидат за домаќин на ЕП 2028 и на СП 2030?

19.07.2021 Juli Ponedelnik

ФУДБАЛ

Италија, новиот европски првак во фудбал, размислува да поднесе кандидатура за домаќин на Европското првенство (ЕП) во 2028 година или за Светското првенство (СП) во 2030 година. Но како прв предуслов за такво нешто е реновирање или градење нови стадиони, изјави шефот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина, објави „Ројтерс“. Според интернет-порталот „Атлетик“, Италија би можела да коалицира со Саудиска Арабија за СП 2030. Тренд е земјите да се здружуваат околу организацијата на вакви големи настани, особено по проширувањето на СП од 2026 година на 48 репрезентации со 80 натпревари. Како фаворити за домаќини на ЕП 2028 се сметаат Шпанија и Португалија, а конкурент на Италија би можела да ѝ биде Англија, чиј премиер Борис Џонсон ги поддржа плановите Велика Британија и Ирска да бидат организатори на СП 2030. – Ќе ја процениме кандидатурата на Италија за домаќин на ЕП 2028 или за СП 2030, на кое се слави 100-годишнината од првиот шампионат. Прво ќе се обидеме со ЕП, а потоа ќе размислиме за другото. Мораме да ги подобриме условите на стадионите, бидејќи ако не започнеме со инвестиции во инфраструктурата, никогаш не ќе можеме да организираме ваков голем настан. Мораме да ги завршиме брзо работите. Не можеме да се кандидираме мислејќи дека „имаме стадиони, но ако ја добиеме организацијата на настанот, тогаш ќе ги подобруваме“. Така не функционираат работите – изјави Гравина. Процесот за пријавување официјално почнува во 2022 година, а Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ги избере домаќините во 2024 година.


1 view

Comments


bottom of page