top of page

Историско достигнување: Погачар пристигна до Елисејските полиња со петта титула на Тур де Франс

27.07.2026 juli Ponedelnik

Тадеј Погачар се издвои како еден од најдоминантните велосипедисти во поновата историја, а тоа го потврди со петта победа на најпрестижната трка во светот.

Најновото издание на Тур де Франс доби своја завршница денеска на Елисејските полиња во Париз, па иако на 21-та етапа победник беше Матје Ван Дер Пул, секоја година најважно е кој ќе пристигна на целта со жолтата маичка.

По петти пат во својата кариера, таква чест имаше извонредниот словенечки велосипедист, кој со петтиот триумф на велосипедската трка во Франција израмни велосипедска историја.

Со овој успех тој влезе во историјата и го изедначи рекордот на легендарни имиња, а тоа се Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин.

Како и многупати во својата кариера, Погачар клучната разлика ја направи на најтешките планински етапи во кои се искачуваа тешки врвови, а континуитетот кој го прикажа во сите 20 етапи направија денеска да пристигне со голема насмевка на лицето на Елисејските полиња во француската престолнина.


 
 
 

Comments


bottom of page