top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Историскиот потег на популарниот актер: Двејн Џонсон донираше седумцифрена сума за Холивуд

Актерската мегаѕвезда Двејн Џонсон, даде „голем историски“ финансиски придонес на фондацијата „Саг-Афтра“, која им помага на членовите на синдикатот за време на штрајкот.

Седумцифрената донација на Џонсон дојде како одговор на писмото испратено од претседателката на фондацијата Кортни Б Венс до 2.700 најплатени актери во филмската индустрија, пишува „Пипл“.

„Тоа е најголемата поединечна донација што некогаш сме ја добиле од едно лице одеднаш. И она што е неверојатно е тоа што таа една донација ќе им помогне на илјадници актери да ја задржат храната на нивната маса“, рече извршниот директор на фондацијата Саг-Афтра, Сид Вилсон, а Венс се надоврза: „Сакам да му се заблагодарам на Двејн за неговата огромна великодушност, сочувство и иницијатива да даде ваков значаен придонес на нашата заедница. Му благодариме во име на илјадниците на кои што неговата историска донација ќе помогне“.

Фондацијата Саг-Афтра, основана во 1985 година од страна на „Screen Actors Guild“, е непрофитна организација која обезбедува различни програми за помош на членовите на синдикатот.

Вилсон рече дека многу членови на Саг-Афтра се соочуваат со „финансиска пропаст“ за време на штрајкот и дека дури и пред да започне, фондацијата добивала пет до 10 пати повеќе барања за финансиска помош неделно отколку порано и мислат дека тоа ќе продолжи да се зголемува.



0 views

Comments


bottom of page