top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Историски рекорд: Тејтум со нестварна партија му одржа лекција на МВП Ембид (Видео)

Бостон и Филаделфија ја одиграа најинтересната серија во конференциските полуфиналиња, бидејќи патникот во големото финале се одлучуваше во „мајсторка“ која се играше во недела вечер во Америка. „Сиксерси“ ја пропуштија првата шанса да се пласираат на завршниот меч во Истокот на претходниот меч на домашен терен, но во вториот обид доживеаја вистински дебакл, откако одиграа катастрофално второ полувреме во „Ти-Ди Гарден“. Домашните навивачи на Бостон можеа да уживаат во незаборавна партија и најдобар меч во кариерата на Џејсон Тејтум, кој уште еднаш покажа зошто беше во потесен избор за МВП титулата. Тејтум беше незадржлив и постави историски рекорд на една „мајсторка“, бидејќи го собори рекордот на Стеф Кари од пред извесно време и стана првиот играч кој забил 51 поен на еден седми натпревар во плејоф серија. Животната партија на Тејтум беше доволна за убедлива победа на Бостон од 112:88, па сега Селтикси во големото финале на Истокот ќе ги одмерат силите со Мајами. Покрај рекордниот број на поени, Тејтум придодаде во триумфот и со 13 скокови и 5 асистенции, следен беше од Браун со 19 поени, додека на спротивната страна потфрлија двете најголеми ѕвезди, Џоел Ембид и Џејмс Харден (15 и 9 поени).



0 views

Comments


bottom of page