Историски пресврт во НБА лигата: Бостон водеше 30 разлика, но на крајот доживеа болен пораз (Видео)
26.03.2024 Mart Vtornik
Натпреварот меѓу Атланта и Бостон кој се одигра рано утрово во Џорџија донесе историска победа за домашниот тим, кој на средина на втората четвртина изгледаше дека ќе биде поразителен за „соколите“.
Тројката на Ал Хорфорд му донесе предност на Бостон од 30 поени разлика (68:38) и тогаш сите се прашуваа само со колку разлика ќе загубат домашните кошаркари, но наместо дебакл, тие се изборија за историски пресврт, еден од најголемите во историјата на НБА лигата.
Хокси се вратија од минус 30 и на крајот остварија тесна победа со резултат 120:118, режирајќи го најголемиот пресврт во историјата на франшизата, односно седмиот најголем во историјата на НБА лигата.
Тимската игра на Атланта беше пресудна за враќањето во мечот и дури тројца кошаркари постигнаа над 20 поени, а тоа беа Хантер со 24, Богдановиќ со 22 и Мареј со 20 поени.
На крајот од мечот, гостите од Тексас не беа баш најрасположени за славјето на домаќините, па Џејлен Браун покажа и лоши манири и избегна поздрав со Србинот Богдановиќ.
Comments