Историски момент на домашните терени: Пројковска ќе биде прва жена – главен судија на меч од ПМФЛ
Најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска овој викенд ќе испише историја во Првата македонска лига.
Таа е делегирана да ја дели правдата на средбата во Тетово меѓу Шкендија и Победа, односно со тоа ќе стана прва жена – главен судија на натпревар од најквалитетната домашна конкуренција. Нејзини помошници ќе бидат Гоце Перески и Дејан Костадинов, додека четврти судија е Марјан Дејаноски од Кичево.
Инаку Пројковска веќе суди интернационалци натпревари, активна е на меѓународната сцена и во ЛШ, а сега конечно ќе добие шанса да го покаже својат квалитет, знаење и во ПМФЛ.
На останатите натпревари овие судии ќе ја делат правдата:
Струга ТЛ – Академија Пандев: Јосип Бартон
Шкупи – Скопје: Стојанче Стојанов
Шкендија – Победа: Ива Пројковска
Брегалница – Тиквеш: Александар Грујоски
Македонија ЃП – Работнички: Александар Ставрев
Comments