top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Историски момент за НАСА – вселенското летало Дарт успешно се судри со астероид

Вселенското летало Дарт што денеска го лансираше НАСА, директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за „спасување“ на Земјата. Необичниот настан се случил на околу 11 милиони километри од Земјата, на небесното тело познато како Диморфос, пренесува Би-би-си. Тоа е прв обид на човештвото да придвижи друго небесно тело, а целта е да се види дали голем астероид кој се движи кон Земјата може да се пренасочи.Леталото беше околу 100 пати помало од Диморфос, па затоа не го уништи астероидот. Наместо тоа, Дарт се надева дека судирот ја променил брзината и траекторијата на астероидот во вселената. Научниците очекуваат притискањето малку да го придвижи Диморфос и да го направи гравитациски врзан за Дидимос, поголемиот астероид во системот.


2 views

Comments


bottom of page