Историски двобој во Порто: Португалија – Македонија во вторник по место во Катар!
- Aleksandar Santovski
- Mar 24, 2022
- 1 min read
Updated: Mar 25, 2022
24.03.2022 Mart Cetvrtok
Победите на Македонија и Португалија во полуфиналните бараж натпревари носат неочекувано финале меѓу овие две селекции во вторник во Порто. Претпоследните европски прваци се фаворити и домаќини, но Македонија вечерва го совлада актуелниот европски првак и испрати сериозна порака за фудбалскиот свет.
За дуелот на „Драгао“ ќе бидеме посилни за Костадинов и Елмас, а селекторот Милевски може да повика и нови фудбалери штом делегацијата ќе се врати во Скопје. Македонските фудбалери денес нема премногу да слават, бидејќи ги чека одмор и пат во недела попладне за Португалија.
Европската фудбалска унија (УЕФА) в недела ќе ги објави официјалните лица за историскиот дуел Португалија – Македонија. Финалниот натпревар во баражот за пласман во Катар е закажан за во вторник со почеток од 20:45 часот.

Comments