top of page
Search

Исполнување на сонот: Надал и Алкарас со заеднички сили на Олимписките игри!

12.06.2024 Juni Sreda

Карлос Алкарас во неделата стигна до својата прва титула на Ролан Гарос, но веднаш по освениот трофеј, младиот Шпанец нагласи дека главен приоритет ова лето ќе му бидат Олимписките игри, а не одбрана на титулата на Вимблдон.

Алкарас ќе атакува на златен медал во сингл конкуренција, а истото важи и во игра на двојки, бидејќи денеска официјално беше потврдено дека заедно со Рафа Надал ќе ја сочинуваат најатрактивната двојка на олимпискиот турнир.

Шпанскиот Дејвис Куп селектор Давид Ферер потврди дека Надал и Алкарас ќе играат заедно во двојки на Олимписките игри, што воедно значи исполнување на сонот за двајцата тенисери.

Надал има освоено два златни медали на Олимписките игри, а сега третиот ќе го брка во друштво на Алкарас, но и во поединечна конкуренција, со оглед на тоа што ќе настапува и на индивидуалниот турнир.

Тениските турнири во Париз започнуваат на 27-ми јули, а бидејќи домаќин е Париз, мечевите ќе се играат на терените на Ролан Гарос.


2 views

留言


bottom of page