Испиша историја: Меси постави уште еден рекорд во ЛШ (ФОТО)
Пари Сен Жермен со моќна партија го уништи тимот на Макаби Хаифа со 7-2 во вечерашната пресметка на „Паркот на принцовите“ во Париз.
Францускиот првак беше расположен за игра, а во прв план беше напаѓачката тројка Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси. Сите се запишаа во листата на стрелци со тоа што мора да се каже дека Мбапе и Меси беа автори на по два гола, а воедно забележаа и по две асистенции.
Овој учинок на Аргентинецот му донесе испишување на нов рекорд, нова историја во ЛШ затоа што со 35 години и 123 денови стана најстариот играч кој на ист меч успеал да биде директен учесник во четири гола (две погодици и две асистенции)
Кога е во прашање Лео исто така треба да се каже дека тој е првиот фудбалер во актуелнава сезона во Топ 5 лигите во Европа кој веќе има забележдано дабл-дабл (голови-асистенции).
Comments