top of page
Search

Исландскиот композитор Олафур Арналдс се пофали со наградата од Скопје Синема Сити

29.09.2021 Septemvri Sreda

Со филмот за британскиот рокер Марк Болан, на 22 септември се затвори овогодинешниот фестивал Скопје Синема Сити кој се одржа во дворот од Кинотека на Македонија и за време на кој беа прикажани 12 филмови од најразлични продукции.

За ова седмо издание артист во фокус беше исландскиот композитор на современа музика Олафур Арналдс. Нему фестивалот му ја испрати наградата на Исланд и токму за затворањето на фестивалот тој се заблагодари на примената награда на своите профили на социјалните мрежи.

Инаку фестивалот му додели награда на овој популарен композитор за негови достигнувања во музиката и филмот, а и го отвори фестивалот со неговиот филм „Кога ќе се родиме.“ За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019), Влатко Стефановски (2019) ибендот New Order (2020).

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и оваа година беше организирано во соработка со Кинотека на Македонија, Гете Институтот и фондацијата Милан Младеновиќ. Визуелните решенија вклучувајќи го и дизајнот на самата награда се дело на Дијана Димитриевска.


2 views
bottom of page