top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Искусниот Србин се враќа во Македонија: Играше за МЗТ Скопје, а сега ќе го носи дресот на Пелистер

17.07.2024 juli Sreda

Од редовите на КК Пелистер предпладнево преку официјалната веб страница на клубот излегоа со информација за уште едно ново засилување.

-Му посакуваме добредојде на Андрија Бојиќ, ново засилување на центарската позиција за натпреварувачката 2024/25 сезона.

Андрија Бојиќ е роден во Белград во 1993 година. Се работи за центар висок 207 cm кој својот прв професионален ангажман го имаше со тимот на Мега Визура во 2011та година.

Откако настапуваше за повеќе тимови во најсилната Српска лига, во 2018та потпиша со МЗТ Скопје каде што настапуваше една сезона, за потоа уште еднаш да се врати во тимот од Аеродром во натпреварувачката 2020/21. Со МЗТ освои две титули во домашното првенство и во купот.

Во нашиот тим доаѓа од тимот на Спартак Суботица, со кој настапуваше и во АБА2 лигата. За Српскиот тим лани настапи на 20 натпревари и во просек забележуваше по 15 поени, 5 скокови, блок и асистенција. Може да игра на позициите 4 и 5, порчаа од таборот на „зелено-белите“.


3 views

Comments


bottom of page