top of page

Ирците ги купија сите билети, Македонија без свои навивачи во Даблин

30.03.2026 Mart Ponedelnik

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за пријателскиот натпревар со Ирска, а информациите од островската држава велат дека сите билети за овој меч се веќе распродадени. 

„Рисовите“ овој пат ќе ја немаат поддршката од македонските навивачи, но домашните љубители на фудбалот повторно покажаа дека имаат голема почит за националниот тим. Ирците ги купија сите влезници, што значи дека нивните миленици ќе имаат огромна поддршка на стадионот „Авива“ во Даблин. 

Македонија и Ирска се среќаваат во овој дуел како две поразени репрезентации во плеј-офот за Светското првенство. Натпреварот ќе се одигра на 31 март, со почеток во 20:45 часот. 


 
 
 

Comments


bottom of page