Ирвинг се враќа во составот на Бруклин
Кајри Ирвинг се најде во комплицирана ситуација по одлуката на Бруклин да го суспендира од тимот поради неговиот испад на социјалните мрежи.
Големата НБА ѕвезда промовираше филм полн со антисемитска содржина, па по големиот притисок на јавноста, Нетс го исфрлија привремено од својот ростер.
Американските медиуми пренесуваат дека Бруклин ќе го врати Ирвинг во тимот и тоа ќе се случи веројатно уште овој викенд, односно на неделниот натпревар против Мемфис на домашен терен.
– Кајри го продолжува процесот на дијалог и едукација и се соочува со тежината на своите зборови со претставници на еврејската заедница.
– Тој е против секаков антисемитизам, а во иднина ќе се потруди да биде повнимателен со ставовите кои ги изразува на посензитивни теми, – велат од Асоцијацијата на кошаркари.
Заедно со претстојниот дуел против Портланд, Ирвинг досега пропушти осум натпревари на Бруклин.
Comments