Ирвинг го разочара славеникот Дончиќ со последниот шут на мечот (Видео)
На денот кога Лука Дончиќ го славеше својот 24-ти роденден, Далас на домашен терен играше против Индијана, а поради посебниот ден за ѕвездата, повеќе од јасно беше дека императив беше да се оствари победа.
Сепак, гостите од Индијана не мислеа така и остварија тесна победа во „Американ Ерлајн центарот“, со што се погрижија за роденденско разочарување за словенечката ѕвезда.
Дончиќ беше навистина расположен и мечот го заврши со 39 поени зад своето име, но на крајот остана без победа поради својот нов соиграч, Кајри Ирвинг.
Новата ѕвезда на Далас ја презема одговорноста и реши тој да го решава победникот, но неговиот последен обид за три беше неуспешен и Индијатна победи со 122:124.
Ирвинг беше навистина скромен и го заврши мечот со 16 поени, додека кај Пејсерси се истакнаа Халибартон со 32 и Тарнер со 24 поени.
Comments