top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ИОК препорача суспензија и забрана за настап на спортисти и тимови од Русија и Белорусија

28.02.2022 Februari Ponedelnik

Интернационалниот олимписки комитет денеска излезе со ново соопштение поради актуелната ситуација во Украина, упатувајќи насоки до меѓународните спортски федерации во однос на одлуките поврзани со кризата.

Од ИОК велат дека иако со тешко срце, донеле одлука да испратат препорака за моментална суспензија и забрана за учество на спортисти, тимови и репрезентации од Русија и Белорусија, а ваквиот пристап им е предложен на интернационалните спортски федерации и организаторите на првенствата.

Покрај спортистите, привремено елиминирани од големите натпреварувања ќе бидат и официјалните лица од овие две земји.

Во ситуациите каде организаторите не можат да го забранат учеството поради краткиот рок, ИОК препорачува да не се дозволи користење на името, химната и знамето на земјите, односно учество под неутрално знаме.

Останува на сила претходно донесената одлука за забрана за организирање спортски натпревари на територијата на Русија и Белорусија.


1 view

Comentários


bottom of page