Инѕаги ги потсети новинарите на интересен податок поврзан за Интер по триумфот во финалето
- Aleksandar Santovski
- May 12, 2022
- 1 min read
Симоне Инѕаги го освои својот втор трофеј како тренер на Интер, бидејќи по успехот во Суперкупот, неговиот тим вчера беше поуспешен и во финалето во Копа Италија. Интер го совлада големиот ривал Јувентус по одиграни дополнителни 30 минути со резултат 4:2 и стигна до првиот трофејот во Купот по пауза од 11 години, или вкупно осми во клупската историја. – Генерално одигравме добро против многу, многу силен противник. Првиот половина час беше на наша страна, потоа имавме пад и лошо отворање на вториот дел. Мораме да бидеме повнимателни, но добро е што овој тим никогаш не се откажува. Ако некогаш ми треба одговор, секогаш го добивам од овие играчи. – Сега ни преостануваат уште два меча во Серија А и ќе дадеме се до крајот на сезоната. Исто така, треба и да уживаме во овие моменти, цела декада ги немавме освоено трофеите во Суперкупот и Купот. Среќен сум за клубот и овие прекрасни момци и фанови, – вели Инѕаги кој смета дека Интер треба да добие посебна заслуга за тоа што одлично се покажа на сите фронта. – Ние го победивме Ливерпул во Лигата на шампионите, ние сме единствениот тим кој го победи Ливерпул во 2022-ра година. Дадовме се во тоа осминафинале и несреќно испаднавме. Тоа не чинеше и бодови во Серија А, но не жалиме за ништо. Финалето беше 50-ти натпрвеар за нас оваа сезона и не можам да барам повеќе од овие момци, – изјави Симоне.

Commentaires