Инфантино ќе добие уште еден претседателски мандат во ФИФА
- Aleksandar Santovski
- Nov 17, 2022
- 1 min read
Џани Инфантино ќе остане претседател на ФИФА и наредните четири години.
Ова стана јасно откако денеска Светската фудбалска федерација објави дека кандидатура за претстојните избори поднел само еден кандидат, односно само Инфантино.
Како што и се очекуваше, Инфантино воопшто нема да има конкуренција бидејќи има обезбедено поддршка од голем број федерации, па изборот ќе биде само акламативен.
Конгресот на ФИФА е закажан за 16. март 2023 година, а за Инфантино ова ќе биде трет претседателски мандат во ФИФА, каде дојде по заминувањето на Сеп Блатер во 2016 година.
Интересно, пред неколку дена Германската фудбалска федерација објави дека нема да го поддржи Инфантино бидејќи не е задоволна од неговите ставови и залагање во однос на заштитата на човечките права и други осетливи теми. Германците беа свесни дека Инфантино има доволно гласови, но на овој начин го изразија незадоволството од неговото раководење со ФИФА.

Comments