Инфантино: Безбедноста во Катар ќе биде многу строга
ФУДБАЛ
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека безбедноста на Светското првенство (СП) во Катар ќе биде многу строга, оти сите навивачи ќе бидат во еден град. – Сите навивачи се добредојдени да слават, да се забавуваат и да ги гледаат натпреварите. Но ако некој сака да дојде и да почне да се расправа или да прави што и да е друго, нема да биде добредојден. Во тој случај ќе бидеме многу строги, оти безбедноста е најважна – изјави Инфантино. Според официјалните лица на ФИФА, на СП во Катар се очекува да пристигнат речиси два милиони луѓе од целиот свет. – Подготовката не е едноставна работа. Мораме да разгледаме многу прашања во однос на безбедноста, сместувањето, превозот… Ги правиме сите можни и замисливи напори. СП во Катар ќе биде како кога детето за првпат оди во Дизниленд и ги гледа играчките. За љубителите на фудбалот тоа ќе биде уникатно искуство – вели Инфантино.
Г.И.
Comments