Интимен портрет на Џејмс Дин
08.02.2021 februari ponedelnik
Џејмс Дин Бајрон е роден пред 90 години, на 8 февруари 1931 година, во гратчето Марион, во американската сојузна држава Индијана. Починал на 30 септември 1955 година во сообраќајна несреќа во местото Коламе, во Калифорнија. Тој е американски филмски актер и културна икона, која најдобро е отелотворена во неговиот најпознат филм „Бунтовник без причина“.
Денис Стоук е човекот кој го фотографирал Џејмс Дин и станал негов пријател, а на големото платно го играл Роберт Патинсон во филмот „Живот“. Кога фотографот на агенцијата „Магнум“, Стоук, за првпат го видел Џејмс Дин во филмот „Источно од рајот“, рекол дека „знаел оти присуствува на раѓањето на ѕвездата и чувствувал колку е вистинска привлечноста на Дин“, според Џо Химс, колумнистот на „Холивуд“.
На Стоук доцна му беше дадена можност да го овековечи актерот, кој почина на 24-годишна возраст. Во раните месеци од 1955 година, тој го фотографирал Дин како шета на „Тајмс сквер“ во Њујорк по дожд и лежи во замрзната штала во Индијана; како игра на час по танц со Ерт Кит и свири на бонго тапани на добротворен бал во неговото старо средно училиште. На тие фотографии, тој понекогаш изгледал како да е изгубен во мислата, груб, несигурен и непослушен, дури и пред да стане славен.
Comments