Интернетот преплавен со реакции за новото поглавје од „Сексот и градот“: Миранда е мртва
- Aleksandar Santovski
- Jun 23, 2023
- 1 min read
Првите две епизоди од втората сезона на And Just Like That (И, едноставно, така“) беа прикажани неделава и, предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи.
Во пресрет на следните епизоди и најавеното кусо појавување на Саманта Џонс, повеќето луѓе коментираат само за еден лик, Миранда Хобс (ја глуми Синтија Никсон).
Според гледачите, најрационалниот лик на „Сексот и градот“ стана некој тотално во спротивност со нејзиното поранешно јас.
Многумина не ја прифаќаат новата Миранда и нејзиното однесување во серијата, а некои одат дотаму што сметаат дека сценаристот целосно го уништил ликот Миранда Хобс.
„Миранда Хобс е мртва. Синтија Никсон се глуми себеси“, пишуваат твитерџиите.
„Приказната на Миранда ќе биде причина ова да биде последната сезона.“
Гледачите особено ги иритира односот на Миранда и Че.

Comments