top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Интересни факти за Елвис Присли што можеби не сте ги знаеле

Во нашите кина моментално се прикажува биографски филм за Елвис Присли, еден од највлијателните музички изведувачи на 20 век. Тоа е одлична можност за помладите генерации да се запознаат со неговата музика и да дознаат зошто луѓето го нарекуваат крал на рокенролот. Доколку сакате да откриете уште некои интересни детали за животот и кариерата на Елвис Присли, продолжете да читате…

Елвис е роден како близнак

Елвис Арон Присли е роден на 8 јануари 1935 година во Тупело, Мисисипи, САД. Малкумина знаат дека тој е роден 35 минути по својот брат близнак Џеси Гарон, кој бил мртвороден. Елвис многу често се селел во младоста, но каде и да живеел, тој и неговото семејство оделе во црква секоја недела. Токму во црквите тој за првпат слушнал госпел-музика, што ќе има пресудно влијание врз неговиот стил на пеење. Елвис ја добил својата прва гитара за 11-от роденден, а по завршувањето на средното училиште работел секакви работи и во исто време сонувал да стане музички изведувач. Својот прв сингл „That’s All Right“, тој го создаде во 1954 година.

Тој не напишал ниту една од своите песни

Елвис Присли снимил повеќе од 600 песни во својата кариера, а дури 114 од нив се најдоа во топ 40-те најдобри синглови во САД. На повеќето од нив е потпишан како коавтор, иако општо беше познато дека тој првенствено е толкувач на туѓи ноти и текстови, што беше нормално во популарната музика до средината на шеесеттите години. Дури кога Боб Дилан и „Битлси“ станаа познати изведувајќи ги своите песни, стана прашање на престиж за поп-ѕвездите да бидат автори на сопствената музика.

На врвот на кариерата отишол во војска

Првиот филм на Елвис, „Love Me Thunder“ (1956), беше огромен успех, но токму кога неговата напорна работа почна да се исплати, тој беше повикан во војска. Тој ја започна својата обука во Тексас, а подоцна беше стациониран во Германија. Стигнал до чин наредник во војската. Иако тој веќе беше познат во времето на неговото ангажирање и армијата сакаше да ја искористи неговата популарност за да привлече нови регрути, Елвис одби какви било посебни привилегии.

Елвис имал руса коса

Кралот на рокенролот имаше црна, сјајна коса и препознатлива помпадур-фризура, која едвај се мрдаше додека беше на сцената. Во реалноста, Елвис воопшто немал темна коса! Тој природно беше русокос, но на почетокот на кариерата одлучи дека сака да има црна коса, па ја бојадисал со боја за чевли.

Никогаш не настапуваше надвор од Северна Америка

Иако имаше милиони обожаватели надвор од Северна Америка, Елвис никогаш не настапуваше на други континенти. Причината поради која претежно останувал во татковината треба да се бара во тоа што неговиот менаџер „полковникот“ Том Паркер бил имигрант и немал американско државјанство, па верувал дека нема да може да се врати во земјата откако ќе излезе надвор. За време на неговите дваесет и четири години во музичката индустрија, Елвис одржа само три концерти надвор од САД, а тоа беше во соседна Канада.

Неговиот препознатлив комбинезон тежеше дури 2335 килограми

Елвис во последната фаза од кариерата настапуваше облечен во екстравагантни комбинезони со скапоцени камења и наметка. Овие комбинезони оригинално тежеа околу 15 килограми, но како што додаваше сè повеќе детали на нив, тие стануваа сѐ потешки, па така неговиот иконски „американски орел“ севкупно достигна тежина од дури 35 килограми.


2 views

Comments


bottom of page