Search
Интер ќе се ослободи од Санчез, Чилеанецот се сели во Франција
Интер има вишок офанзивни фудбалери во своите редови, а еден од оние кои постојано беа незадоволни од минужата беше Алексис Санчез. Чилеанецот летово преговара со повеќе клубови, но „Газета дело Спорт“ тврди дека најблиску до неговиот потпис е Олимпик Марсеј. Преговорите меѓу двете страни започнале уште кога тренер на Олимпик беше Хорхе Сампаоли, но тогаш фудбалерот ја одбил опцијата. Сега Санчез е повторно актуелен за составот од Марсеј, а трансферот би значел дека тој прифаќа и многу помала плата од таа во Интер. Платата е и најголем проблем за неговиот актуелен клуб, кој со трансфер би ги елиминирал 7,5 милиони евра кои годишно ги исплаќа на Санчез.
Comments