Интер покажа класа и го прегази Торино во првото коло (Видео)
- Aleksandar Santovski
- Aug 26
- 1 min read
25.08.2025 Avgust Ponedelnik
Интер ја отвори новата сезона со убедлива победа над Торино (5:0), отворено навестувајќи дека ќе биде еден од главните фаворити за скудеотото.
Избраниците на Кристијан Киву уште од почеток влегоа со интенција што порано да ја обезбедат победата, а на полувремее имаа солидна предност од два гола.
Бастони го отвори резултатот, Тирам зголеми за мирна пауза за домаќините, а Торино не успеа да се спаси од дебакл во продолжение од средбата.
Лаутаро Мартинез го постигна првиот гол во новата сезона за плус три, Тирам зголеми на 4:0 со својот втор погодок, а засилувањето Бони ги постави конечните 5:0.
Со денешниот триумф, Интер е една од шесте екипи со три бода по првото коло, но има и најдобра гол-разлика за најдобра позиција на табелата.






Comments