Интер остана без летното засилување
08.10.2026 Oktomvri Cetvrtok
Клубовите се враќаат на сцената и еден од оние кој ќе има доста предизвици до следната репрезентативна пауза ќе биде калчолигашот Интер.
Почнувајќи од дуелот со Парма, „нероаѕурите“ ќе одработат доста мечеви во различни натпреварувања, а за добар дел од нив тренерот Кристијан Куву нема да може да смета на услугите на летното засилување, Кртис Џонс.
foto: x.com/Inter_en
Џонс има проблеми со адукторот на десната нога и информаците се дека ќе паузира околу три седминица. Ова значи дека ќе мора да пропушти пет-шест натпревари и тоа Парма, Бриж, Шахтјор Доњецк, Болоња, Венеција и Фиорентина, односно реално сценарио е да биде спремен за градското дерби со Милан.
Англичанецот по трансферот од Ливерпул одигра пет натпревари, но не забележа ниту гол, ниту асистенција.








Comments