Интер не го заборави Пандев и му испрати оригинална роденденска честитка: Од Примавера до….. (Фото)
Горан Пандев го прослави својот 40-ти роденден опкружен од малите дечиња кои тренираат во Брера Струмица и доби убаво изненадување од сите во клубот, но легендарниот капитен на македонската фудбалска репрезентатција доби посебна честитка и од Италија.
Гоче остави посебен белег во неколку клуба во Италија, но најголемите успеси ги оствари во Интер, каде успеа да стане европски и светски шампион.
Интер е клубот кој му даде шанса на Гоче во Италија и кој првично го ангажираше за својот Примавера тим, но упорноста и напорната работа го однесоа Пандев до покривот на светот.
Токму оваа симболика ја искористи Интер во роденденската честитка за Горан, со која само уште еднаш се потврди дека Македонецот е нависитна посебно ценет во Милано.
– Од Примавера до покривот на светот. Среќен роденден Горан.
Comments