top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Интер и Јувентус потврдија по едно сигурно отсуство за претстојното дерби

Претстојното коло во италијанската Серија А на програмата го носи и големото дерби меѓу Јувентус и Интер, а двете екипи имаат одредени проблеми со повредени играчи.

Денеска стана јасно дека по еден фудбалер од двата табора сигурно нема да бидат во комбинација за дербито, а причината се различен тип повреди.

Во составот на домашниот тим сигурно ќе го нема Тимоти Веа, кој денеска направил нови прегледи и од истите лекарскиот тим донел заклучок дека има мускулна повреда и може да се врати на терените по 2-3 недели.

Гостите добија поголем удар поради повредата на Алесандро Бастони, дефанзивецот кој нема да игра против Јувентус, но и против Бенфика во Лигата на шампионите. Лекарскиот тим ќе се обиде да го оспособи стоперот за дербито со Наполи закажано за 3. декември.

Во составот на Јувентус неизвесни се Данило и Мануел Локатели, а не е јасно кога ќе се врати и Алекс Сандро.


0 views

留言


bottom of page