top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Интер и ПСЖ имаат најмногу фудбалери во нокаут фазата на ЕП

28.06.2024 Juni Petok

Европското првенство донесе елиминација на осум репрезентации по групната фаза, а тоа значи и промена во однос на бројот на претставници кои ги имаат клубовите во националните тимови.

Во пресрет на првите осминафинални пресметки вреди да се истакне дека Интер и ПСЖ имаат најмногу претставници, односно по 12 фудбалери кои се уште имаат обврски на ова ЕП.

Пет од играчите на Интер се италијански репрезентативци, а утре ќе се соочат со Јан Зомер, кој пак го брани голот на Швајцарија и на ова ЕП во Германија.

Манчестер Сити е на третото место со 11 фудбалери, а потоа следуваат Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен со по 10 играчи. Веднаш за оваа тројка е РБ Лајпциг со 9 фудбалери распоредени во неколку селекции.


0 views

Comments


bottom of page