top of page

Интер и Милан го најавија новиот стадион „Катедрала“

ФУДБАЛ

Италијанските фудбалски клубови Интер и Милан го промовираа новиот заеднички „дом“, дизајниран од „Популус“, кој се погрижи за изгледот на стадионот на Тотенхем, на стадионот „Вембли“ и на стадионот „Јенки“ во Њујорк, објави агенцијата „Франс прес“ (АФП). Новиот стадион во Милано, наречен „Катедрала“, ќе се наоѓа во истата градска област во Милано, Сан Сиро, каде што е и сегашниот, официјално наречен „Џузепе Меаца“. Во заедничката изјава, Милан и Интер соопштија дека новиот дизајн на стадионот е инспириран од катедралата „Дуомо“ и од галеријата „Виторио Емануеле“. Новиот стадион во Милано ќе се наоѓа во близината на сегашниот, кој треба делумно да биде урнат и да се претвори во помала арена, откако ќе биде домаќин на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во 2026 година. Изградбата на новиот стадион треба да биде завршена најдоцна до 2025 година. – Новиот Сан Сиро ќе биде најубавиот стадион во светот поради неговиот силен идентитет и препознатливост. Атрактивна арена, достапна и одржлива за градот Милано, која ќе го олесни растот на клубовите и нивната глобална конкурентност – рече претседателот на Милан, Паоло Скарони. Поширокиот проект ќе опфати над 110.000 квадратни метри зелена површина со спортски и рекреативни објекти, кои се или „бесплатни или се поврзани со градот Милано“. Интер и Милан најавија дека сега „ќе имаат цел да го претстават финалниот проект во 2022 година“, откако ќе направат корекции во согласност со прописите за урбанистичко планирање на градот.


 
 
 

Comments


bottom of page