Интер застана зад Инѕаги: Носи храбри одлуки, ако треба да кажеме една работа…
- Aleksandar Santovski
- Sep 8, 2022
- 2 min read
Интер загуби неколку натпревари во оваа сезона, а тоа донесе незадоволство кај дел од навивачите кои бараат одговорност од тренерот Симоне Инѕаги.
„Нероаѕурите“ беа поразени во дерби пресметките во Италија од Лацио и Милан, а пак во Лигата на шампоните беа надиграни од Баерн Минхен на „Џузепе Меаца“. Ова придонесе за реакции кај фановите, но клубот засега му дава максимална поддршка на Инѕаги.
-Ни треба малку здрав реализам, секој пораз бара анализа на проблемите, тоа е дел од секојдневната работа на директорите и тренерот, да се извади нешто позитивно за во иднина. Знаеме дека Премиер лигата сега е суперсила во фудбалот, додека само неколку клубови во Лигата и Бундеслигата можат да си дозволат да трошат огромни суми на трансфер пазарот за да купат големи шампиони. Тоа е многу потешко да се направи во Италија, но тоа не смее да претставува алиби. Синоќа загубивме од посилен тим, -истакна оперативецот Бепе Марота.
-Инѕаги донесе храбри одлуки за подобрување на поединецот и колективот. Треба да знаеме дека Интер секогаш е Интер, ова е клуб со историја и мора секогаш да биде конкурентен, без разлика кој е на теренот. Тренерот е на чело на групата која во моментов е под стрес на преполната листа на натпревари до 13 ноември. Инзаги има на располагање квалитетен состав и мора да го искористи на најдобар можен начин во зависност и од противникот и што гледа на тренинг. Мислам дека тоа го прави многу добро, дури иако за жал доживеавме два порази во последните два натпревари, -дополни Марота кој е задоволен од работата на Симоне.
-Тоа се подразбира, Инѕаги врши одлична работа. Ние сме Интер и ако треба да кажеме едно, тоа е дека бараме поголем фокус и мотивација од сите, од директорите до играчите. Мора да го почитуваме овој дрес. Штета е за оние навивачи кои дојдоа на Сан Сиро, бидејќи наша должност е да им возвратиме на нивната верба во нас. Мораме да веруваме до крај, бидејќи сезоната само што започна и овие грешки можат да дадат само вредни лекции за иднината, -истакна оперативецот кој верува дека Скудетото е реална цел.
-Кога Интер учествува во натпреварување, наша должност е да одиме на максимален резултат. Скудетото би било сон што според мене може да се оствари, треба да веруваме до крај и воопшто да не се плашиме од силата на нашите противници. Нека победи најдобриот тим, ако сме ние, тогаш добро, ако не, тогаш ќе бидеме среќни знаејќи дека ја извршивме нашата должност до крај, -заклучи Џузепе.

Comments