top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Интер го бркаше цела година, Јувентус експресно го договори како замена за Де Лихт (Фото)

Интер цела година го меркаше Глејсон Бремер и изгледаше дека е главен фаворит за неговиот потпис, но одложувањето на целата операција донесе неочекуван расплет, по кој Јувентус брзо го запали моторот и ја заврши операцијата во рок од само неколку дена.

Бремер важеше за најдобар стопер во Серија А минатата сезона и беше неверојатно добар во дресот на Торино, но иако речиси сите го гледаа на пат кон Милано, тој ќе остане во истиот град и само ќе го промени клубот.

Продажбата на Матијс Де Лихт му гарантира 80-милионска заработка на Јувентус, а дел од овие пари веднаш се пренаменети за Бремер и најугледните италијански новинари попладнево тврдат дека работата е завршена.

Јувентус понудил пет милиони евра повеќе од Интер, па така последната понуда вредна 47 милиони евра е прифатена од Торино и централниот дефанзивец се цели на „Алијанц стадионот“.

На овој начин, Јувентус брзопотезно ја победи силната конкуренција, но доби и шанса за такво нешто бидејќи Интер не ја комплетираше зделката на почетокот на јули и сега остана без играчот кој го скаутираше цела измината сезона.


1 view

Comments


bottom of page