„Интер-Вју“ на Жиган Крајнчан вечер во Домот на АРМ
- Aleksandar Santovski
- Apr 12, 2022
- 1 min read
Во Домот на АРМ вечер во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2022, публиката ќе има можност да ја проследи претставата „Интер-Вју“ на Жиган Крајнчан, во изведба на танчерите и ко-автори Олга Житлухина, Валери Олехно, Глори Шпис, Иан Хотко и Иван Мијачевиќ.
“Претставници на пет генерации танчери, со помош на режисерот, спроведуваат перформативно интервју. Секој од нив го доживува своето дел од „времето“, но сите живеат во сегашноста овде, сега, во моментот. Тие сликаат и создаваат подвижно (меѓу) патување на искуства, сеќавања, соништа и стравови. Изгледа како фрагментите од нивните животи да го згуснуваат просторот и времето што се расплетуваат наназад“, се наведува во соопштението за претставата.
И додека тие го расплетуваат своето минато, се случува пресврт „Интер-Вју“ развива нова личност, со повеќекратни идентитети, и кога таа конечно ќе го забележи гледачот, го гледа длабоко во очите, срцето, коските и го прашува: „Кој си ти пријателе?“
Според режисерот „Зборот интервју се однесува на структуриран разговор каде што едниот учесник поставува прашања, а другиот одговара. Интервјуата може да бидат и неструктурирани, доброволни и отворени разговори без однапред утврден план или однапред одредени прашања.“

Comments